1 јули, 2025
ПочетнаКОМПАНИИ„Витаминка“ – добитник на признането „Кудал“

„Витаминка“ – добитник на признането „Кудал“

vitaminka222

„Витаминка“ е добитник на признането Qudal – Quality meDAL кој е симбол за квалитет. Тоа, како што соопшти компанијата, е дополнителна потврда за довербата на потрошувачите.

„Радува фактот што признанието се однесува и целосно на компанијата како симбол за македонски квалитет, а и за еден од нашите најпознати бренда. Во производното портфолио кое го сочинуваат многу производи, приоритетен е квалитетот и неговото одржување. Затоа нашата постојана стратегија е инвестирање во опрема, технологија и висококвалитетни состојки со цел постигнување поголем квалитет на нашите производи“, изјави Сашо Наумоски, генерален извршен директор на „Витаминка“.

Признанието е доделено во две категории – за компанија со најдобар квалитет кога станува збор за производи и услуги на македонскиот пазар, како и во категоријата кечап за апсолутно најдобар квалитет на македонскиот пазар.

Qudal се доделува врз основа на истражување спроведено од Меѓународното здружение за сертификација со седиште во Цирих, Швајцарија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар