19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦрна Гора: Раст на БДП од 1,7 проценти

Црна Гора: Раст на БДП од 1,7 проценти

suficitraste1

Реалната стапка на раст на бруто домашниот производ (БДП) на Црна Гора, според прелиминарните податоци на Заводот за статистика Монстат, во првиот кватал од оваа година изнесувала 1,7 проценти.

Директорката на Монстат, Гордана Радојевич изјави дека според прелиминарните резултати од пресметката, БДП во периодот од јануари до крајот на мај изнесувал 654 милиони евра.

„Во однос на првиот квартал од минатата година, БДП во првиот квартал оваа година номинално е зголемен за четири проценти“, изјави таа.

Таа наведе дека растот на БДП во првиот квартал од оваа година е генериран од зголеменото производство во секторот на преработувачката индустрија, градежништвото, угостителството како и секторот за недвижнини.

Радојевич изјави дека реалната стапка на БДП за минатата година, според прелиминарните податоци изнесува 3,5 проценти.

„Во моментов се работи на конечната пресметка, а финалниот податок за БДП за минатата година ќе биде објавен на крајот на септември“, изјави директорката на Монстат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП