19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПросечната нето-плата во април 21.175 денари

Просечната нето-плата во април 21.175 денари

denari-1_011110

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во април годинава во земјава изнесува 21.175 денари и бележи зголемување за 0,9 отсто во однос на април 2013 година.

Како што објави Државниот завод за статистика, ваквото зголемување се должи, пред сè, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Градежништво за 7,4 отсто, Дејности во врска со недвижен имот за 5,6 отсто и Административни и помошни услужни дејности за 5,2 отсто.

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 5 отсто, Финансиски дејности и дејности на осигурување за 3,1 отсто и Градежништво за 3 отсто.

Според податоците на Државниот завод за статистика, бруто платата по вработен изнесува 31.027 денари и бележи зголемување од 0,7 отсто во однос на април 2013 година.

Во април 2014 година, 1.5% од вработените во Република Македонија не примиле плата.

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во април 2014 изнесува 31 027 денари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП