28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИма заинтересирани за процесот за гасификација на Скопје

Има заинтересирани за процесот за гасификација на Скопје

gasifikacija

Портпаролот на Владата на Република Македонија Aлександар Ѓорѓиев денеска информираше дека во процесот на наоѓање приватен партнер за гасификација на Скопје има пријавено апликанти, но оти конкретни податоци ќе се соопштат во наредните десетина дена.

„Апликанти се пријавени, но конкретни податоци ќе се соопштат во рок од седум до 10 дена бидејќи законски во наредниот период треба да се направи проверка на апликациите и да се види дали ги исполнуваат условите на тендерот што беше распишан“, изјави Ѓорѓиев.

Повикот за наоѓање приватен партнер беше распишан во јануари годинава, а траеше до 25 мај 2014 година. Тендерот предвидува договорот да се доделува на период од 20 години при што во првите пет години треба и ќе се реализираат подготвителните работи и изградбата на мрежата.

По овој период од пет години кога се очекува да биде изграден најголемиот дел од мрежата, се очекува продолжување на градбата со помал интензитет, оперирање и развој на мрежата.

По завршувањето на овој рок од 20 години целокупниот изграден систем ќе се пренесе во сопственост и владение на Република Македонија.

Предвидена е изградба на околу 250 километри примарна дистрибутивна мрежа.

Приватниот партнер ќе биде задолжен да овозможи секој заинтересиран корисник да плати приклучна такса од 1,25 евра по метар квадратен станбен простор или 100 евра за станбена единица од 80 м2. За куќа од 240 м2 приклучната такса би изнесувала околу 300 евра.

Приклучната такса за комерцијалните објекти ќе биде исто 1,25 евра по метар квадратен корисна површина.

Предвидено е приватниот партнер да вложи средства и во опрема со цел да се обезбеди намалување на потребните инвестиции на корисниците за приклучување на нивните објекти кон дистрибутивните системи за гас.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП