3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИLenovo во судир со американските власти

Lenovo во судир со американските власти

lenovo problem2

Во јануари известивме за големата бизнис трансакција со која кинески „Lenovo“ зa 2,3 милијарди долари ќе го превземе одделението на „IBM“ за производство на сервери. Но, дури ниту пет месеци по објавувањето за намерата за превземање, федералните власти во САД не дадоа зелено светло за оваа трансакција.

Проблемот овој пат е поради Комисијата за странски вложувања во САД (CFIUS), а причината е поради својата загриженост за националната безбедност. Во таа Комисија, стравуваат дека „Lenovo“ преку серверите на „IBM“ кои се продаваат на американскиот пазар ќе овозможи шпиунирање и следење на комуникацијата од страна на кинеските власти.

Покрај тоа, како потенцијален безбедносен проблем гледаат и во производството на моќните серверски компјутери, кои доколку се спојат во поголеми кластери би можеле да функционираат како суперкомпјутери, што државата сака да го има под контрола.

„Lenovo“ и „IBM“ поднесоа ревидирани барања за одобрување на оваа аквизиција во која стои дека во догледно време „IBM“ ќе се грижи за одржување на серверите, па некои региони, барем формално ќе останат во рацете на американците.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП