7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПад на довербата во еврозоната

Пад на довербата во еврозоната

33830650953a80622b83f5467902530_640x498

Економската доверба во еврозоната неочекувано се намали во јуни, поради тоа што тензиите во Украина и силата на единствената европска валута ги неутрализираа потезите на ЕЦБ.

Европската централна банка сакаше да го поттикне кредитирањето и економскиот раст.

Според податоците објавени од Европската комисија, индексот на потрошувачката и деловната доверба во јуни е намален на 102 поени од мајските 102,6 поени, додека економистите очекуваа раст на 103 поени, јавува агенцијата Блумберг.

„Глобалното забавување во првиот квартал, силното евро и геополитичките тензии ја поткопуваат потрошувачка и деловната доверба“, изјави аналитичарот Бомхолд Нилсен. Тој смета дека таквите последици се привремени и дека наскоро ќе биде можно повторно подобрување на потрошувачката и деловната доверба во втората половина од годината.

ЕЦБ на почетокот на овој месец претстави широк пакет мерки без преседан, вклучувајќи ги негативните каматни стапки на депозитите, со цел да се поттикне побарувачката. Сепак, таквите напори на ЕЦБ, според оценките на Блумберг, се неутрализирани од конфликтите во Украина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП