2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајмногу работат Романците, а најмалку Финците и Французите

Најмногу работат Романците, а најмалку Финците и Французите

photo_verybig_154305

Романците најмногу работат во ЕУ, а најмалку работат Финците и Французите – пренесува порталот „euobserver“. Според тие податоци, Романците минатата година имале најмногу работни часови – 2.099.

Второто место им припадна на Грците со 2.010 работни часови, а третото на Унгарците – 1.969

Голем број на работни часови имаат и Бугарите, Хрватите, Полјаците, Латвијците, Словаците, Естонците…

Во текот на 2013 година најмалку работеле финските и француските работници – 1.648, односно 1.661 часови.

Малку подолго работеле Швеѓаните, Данците и Белгијците, додека Британците и Германците биле на средина со 1.900, односно 1.847 работни часови.

Тренот помеѓу 2010 и 2013 година покажува дека бројот на работни часови најмногу се намалил во Финска, Франција, Шведска и Италија.

Британците и Германците исто така минатата година имале помалку работни часови отколку во 2010 година, додека бројот на работни часови е зголемен во Шпанија, Холандија и Португалија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП