29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИDanone отпушта 900 лица

Danone отпушта 900 лица

danone

Францускиот производител на храна и пијалоци „Danone“ соопшти дека ќе отпушти 900 лица поради падот на продажбата кој се должи на лошата економска ситуација во земјите од Јужна Европа.

Производителот на јогуртот „Activia“ и флашираната вода „Evian“ во 2012 година оствари раст на продажбата на глобално ниво за 5,4 проценти, на 20,1 милијарди евра, во споредба со претходната година.

Продажбата во Европа се намали за три проценти, односно забележана е „сериозно влошена“ побарувачка на нивните производи. Како резултат „Danone“ го објави планот за намалувањето на бројот на вработените во менаџментот и администрацијата.

„Оваа година ќе биде година на транзицијата, со значителен развој на нашите пазари кои растат и се обидуваат да ја зајакнат економијата во Европа“, соопшти директорот на компанијата Франк Рибоуд.

Најголемиот светски производител на јогурт прогнозираше дека неговиот профит во оваа година ќе биде намален и дека побарувачката во Европа и понатака ќе слабее, но и дека цените ќе останат високи.

Оваа компанија е многу зависна од европскиот пазар, а само во Западна Европа остварува 38 проценти од својата продажба. Најголем пад на продажбата забележан е во Шпанија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП