2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија најави мерки за заштита на својата економија

Русија најави мерки за заштита на својата економија

moscowfg4377ty54

Русија ќе преземе мерки во случај потпишувањето на договорот на ЕУ со Украина, Грузија и Молдавија да остави негативни последици врз руската економија, изјави Дмитриј Песков, портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин.

„Русија ќе преземе мерки за заштита на својата економија во случај на негативен ефект од потпишувањето на договорот на Украина, Грузија и Молдавија со ЕУ“, изјави Песков, пренесува агенцијата АФП.

Заменик шефот на руската дипломатија Григориј Карасин денес изјави дека ќе „следат сериозни последици“ за Украина, откако Порошенко го потпиша договорот за слободна трговија со ЕУ.

Претседателот на Европскиот совет, Херман ва Ромпуј, оцени дека ова е „голем ден за Европа“.

„ЕУ е со вас, денес, повеќе од било кога“, изјави Ромпуј пред лидерите на овие три земји, додавајќи дека во потпишувањето на договорите нема ништо што би можело на било кој начин да и нанесе штета на Русија.

Украина, Грузија и Молдавија денес потпишаа договори за слободна трговија и политичка соработка со ЕУ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП