26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПроизводството на кокаин во Колумбија лани намалено за шест проценти

Производството на кокаин во Колумбија лани намалено за шест проценти

kokain222

Производството на кокаин во Колумбија во текот на 2013 година е намалено за шест проценти, што претставува рекорден пад, иако површините посеани со суровината кока останаа исти, се наведува во извештај на ОН.

Во 2012 година во Колумбија се произведени 309 тони кокаин а минатата година 290 тони.

Најмногу производство на годишни ниво имало во 2008 со произведени 680 тони. Лани плантажите со кока биле со вкупна површин од 48.000 хектари, како и во 2012 година, се вели во извештајот, изготвен од страна на Канцеларијата за дрога и криминал на ОН, со помош на колумбиското Министерство за правда.

Колумбија е втора земја во светот по површина со насади со кокаин, откако во 2012 година од првото место ја симна Перу.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП