2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИGivaudan отвора фабрика во Индонезија

Givaudan отвора фабрика во Индонезија

givaudan-01hfrrdr56u8

Најголемиот светски производител на парфеми и ароми, „Givaudan“ ќе инвестира 24 милиони евра во нова фабрика во Индонезија.

Компанијата сака да ја задоволи растечката потреба за ароми во прехрамбената индустрија.

Оваа швајцарска групација, која покрај ароми произведува и парфеми за луксузни светски брендови, прецизираше дека во Азија посебно пораснале потребите за ароми користени во индустријата за млечни производи, производството на пијалоци, инстант супи и тестенини, пренесува швајцарскиот весник „24 часа“.

Како што се наведува, групацијата е на добар пат во тековната и во наредната година да ги оствари продажните цели на пазарите во земјите во развој, чие учество во вкупните приходи во 2015 година може да изнесува 50 проценти, за разлика од 40 проценти во 2010 година.

На крајот на минатата година „Givaudan“ имаше повеќе од девет илјади вработени во 46 земји во светот, а за цела 2013 година оствари приход од 4,3 милијарди франци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП