4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗлатна руда откриена кај Медвеѓа

Златна руда откриена кај Медвеѓа

zlato

Компанијата „Дунав минерал“ во местото Тулар во општина Медвеѓа на југот на Србија, откри резерви од злато и бакар, јави агенцијата „Прешева јоне“.

– Од анализите е утврдено дека еден тон руда содржи 0,22 грама злато и 0,23 отсто бакар.

Тоа е 1.260.000 тони бакар и 120 тони злато, изјавил претставникот на компанијата Фил Фокс.

Според него, имајќи ги во предвид овие охрабрувачки, резултати во тек е подготовка на студија околу економската вредност, влијанието врз животната средина, технологија и металургија, како и социјалниот аспект.

Прелиминарните резултати од студијата се очекуваат кон крајот на годината.

Компанијата „Дунав минерал“ е компанија регистрирана во Србија со канадски капитал и вработува триесетина работници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП