28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСостанок на министерот Цветков со здруженијата на земјоделци

Состанок на министерот Цветков со здруженијата на земјоделци

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Институциите, осебно Државниот инспекторат за земјоделство, будно да ја следи ситуацијата со подготовката и текот на жетвата, како и со откупот на пченицата, договорија на денешниот работен состанок министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков и неговиот заменик Зоран Коњановски со претставници на здруженијата на земјоделци.

Министерството за земјоделство, беше заклучено, ќе ги преземе сите потребни мерки за навремен почеток и квалитетен откуп на пченицата. Земјоделците побараа на наредните состаноци да се вклучат и претставници на мелничко-пекарската индустрија со кои ќе се разговара за откупот на пченицата.

Со денешниот состанок почнуваат средбите на производителите и преработувачите кои ќе придонесат за квалитетно извршување на жетвените активности. Првата е закажанат за недела во Свети Николе.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП