28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА21 милион евра за обнова на патните правци Велес-Скопје и Велес-Кадрифаково

21 милион евра за обнова на патните правци Велес-Скопје и Велес-Кадрифаково

avtopat559

Два значајни патни правци во Велес ќе почнат набргу да се реконструираат, најави денеска премиерот Никола Груевски.

Патниот правец Велес-Скопје, долг 24 километри, инвестиција од околу 6 милиони евра, ќе почне во втората половина на јули, а ќе заврши за една година.

„Тоа ќе биде целосна реконструкција на автопатот Велес-Скопје откако веќе заврши реконструкцијата на автопатот Скопје-Велес“, рече Груевски.

Втората значајна реконструкција во патната инфраструктура е проширување на патот Велес- Кадрифаково, главна спојница со источна Македонија.

“Тоа е доста оптоварен пат зашто е главен влез за источна Македонија. Неговата прва фаза е завршена, втората е при крај и од август треба да започне третата фаза на потегот помеѓу Лозово и Кадрифаково. Оваа реконструкција со одредени проширувања ќе чини околу 15 милиони евра вкупно. Само оваа втора делница заедно со првата се околу 6, а со третата се околу 15 милиони евра“, рече Груевски.

Тој нагласи дека ова е значајна инвестиција во патната инфраструктура која ќе ја користи цела Македонија, а посебно ќе значи за жителите на Велес кои секој ден се движат кон Скопје или кон источна Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП