25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПоповолна состојбата во преработувачката индустрија на месечно ниво

Поповолна состојбата во преработувачката индустрија на месечно ниво

ind proizvodstvo

Економската состојба на фирмите од преработувачката индустрија во мај во однос на април годинава е поповолна, а понеповолна споредено со мај лани, оценуваат раководителите на фирмите, во анкетата на Државниот завод за статистика.

Понеповолни оценки за мај во однос на април раководителите изнеле за обезбеденоста на производството со порачки и за обемот на производството. Нивните очекувања се поповолни за обемот на производството во наредните три месеци, но понеповолни за бројот на вработени.

Во мај годинава, залихите на суровини и репроматеријали, како и тековните набавки на суровини и репроматеријали се под и околу нормалата, а зголемени се залихите на готовите производи во мај во однос на април годинава.

Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во мај годинава изнесува 61,1 процент од нормалното искористување. Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производството имале недоволната странска побарувачка со 27,3 проценти, недоволната домашна побарувачка со 19,5 проценти, неизвесното економско опкружување со 9,01 процент и конкурентниот увоз со 8,4 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП