23 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИOracle потврди дека за 5.3 милијарди ја купува Micros Systems

Oracle потврди дека за 5.3 милијарди ја купува Micros Systems

oracle

„Oracle“ објави дека ќе ја превземе компанијата „Micros Systems“ низ бизнис со вкупна вредност од 5.3 милијарди долари.

Со ова се потврдени претходните гласни според кои „Oracle“ требаше да го превземе производителот на хардвер и софтвер за продажни места во малопродажбата, рестораните и хотелите.

Системите на „Micros“ нудат и низа услуги во облак, како што се услуги поврзани со електронско тргување и управување во односот со муштериите, област во која „Oracle“ се обидува активно да се вклучи.

Ова превземање на „Oracle“ е најголемо по она на „Sun Microsystems“ во 2009-та зa 5.6 милијарди долари.

Според проценките на аналитичарите, ова е само почеток на циклусот на превземања од страна на „Oracle“ за кои се проценува дека ќе потрошат од 15 до 20 милијарди долари во наредите една до две години со купувањето на компании.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП