4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЗа ГМО нема криза, Monsanto расте

За ГМО нема криза, Monsanto расте

Monsanto-Logo

Најголемиот светски производител на генетски модифицирани семиња „Monsanto“, ја зголеми прогнозата за деловните резултати за тековната фиксална година.

Прогнозите се оптимистични и покрај падот на профитот од шест проценти во третиот квартал завршен на крајот на мај, соопштија од оваа компанија. И покрај падот на профитот во периодот март-мај, вредноста на акциите на оваа американска компанија забележа силен раст, поради зголемувањето на прогнозите за годишниот резултат, како и поради најавата дека профитот во наредните пет години ќе биде двојно зголемен, пренесува Ројтерс.

Во соопштението на оваа групација, се објаснува дека и покрај падот на резултатите во третиот квартал изгледите се мошне добри а до крајот на 2019 година се очекува двојно поголем профит.

Во кварталот март-мај 2014 година „Monsanto“ оствари 858 милиони долари профит, додека во истиот квартал една година претходно тој изнесуваше 909 милиони долари.

Профитот по акција изнесуваше 1,62 долари, за разлика од 1,68 колку што изнесуваше една година претходно, што е сепак над очекувањата на аналитичарите од 1,56 долари.

За тековната фискална година „Monsanto“ очекува годишен профит од 5,10 до 5,20 долари по акција, а во претходната сметаше на 5,00 до 5,20 долари.

Еден од приоритетите на оваа компанија во наредниот период ќе биде екстерниот раст, со технолошки инвестиции, спојувања и преземања.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП