1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Санкциите влијаат врз цела Русија“

„Санкциите влијаат врз цела Русија“

moscu11g54yu

Санкциите кои западните земји поради украинската криза ги воведоа кон Русија ги погодија сите руски компании, оцени Вагит Алекперов.

Иако санкциите кои ги воведоа САД и ЕУ се однесуваат пред се на некои високи функционери во Русија, тие влијаат врз сите руски компании, што се гледа според последните проценки на агенциите на кредитен рејтинг кои се однесуваат на компаниите „Газпром“, „Лукоил“ и „Роснефт“, оцени Алекперов.

Тој објасни дека санкциите можат да имаат последици и врз капитализацијата на компаниите и можноста за нивниот влез на финансискиот пазар.

„Некои можат да кажат дека санкциите немаат последици, но тие всушност влијаат врз целиот свет“, изјави Алекперов.

Агенцијата за проценка на кредитниот рејтинг „Standard & Poor’s“ ја намали во мај кредитната оценка на Русија, која сега е „BBB“.

Намалувањето на оценката се однесува и за големите државни и приватните руски компании.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП