25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина: Не сме трговски лидер

Кина: Не сме трговски лидер

kina1

Кинеската влада направи необичен потег, таа негираше дека минатата година го премина САД во областа на трговијата.

Трговските податоци на Владата на Кина покажаа дека, Кина минатата година го преминала САД според обемот на трговијата за сто милијарди долари и забележала бројка од речиси четири илјади милијарди долари, пренесува АП.

Кинеското министерство за трговија денес издаде соопштение во кое ги негираше овие податоци, наведувајќи дека Кина во текот на минатата година заостанала зад САД со 15,6 милијарди долари, што е еднакво на само 0,3 проценти од вкупната кинеска трговија.

Официјален Пекинг сака да стане глобален лидер, но за себе тврди дека земјата е во пораст. Кинеските комунистички лидери со претпазливост гледаат на било каков статус од кој би можеле да произлезат барања за дополнителни напори за стимулирање на светската економија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП