23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУСАИД ќе го модернизира производството на пченка во североисточна Македонија

УСАИД ќе го модернизира производството на пченка во североисточна Македонија

pcenkajhuuf87r4ur4

Преку проектот на УСАИД за експанзија на малите бизниси, денеска, во кумановското село Романовце, беше презентирано користењето на системот капка по капка на површина од еден хектар кај фармерот Елсудад Фејзулаи.

При промоцијата на системот на неговата нива посадена со пченка Фејзулаи рече дека очекува зголемено прозводство. „Лани имав 6-7 тони по хектар, а годинава очекувам да оставарам околу 15 тони производство“, изјави Фејзулаи.

На презентацијата присуствуваше и амбасадорот на САД во Македонија Пол Волерс кој рече дека овој систем е економски и еколошки исплатлив.

„Минатата година бевме сведоци на неверојатни резултати,имавме раст од 50 проценти на производството во Полог и Пелагонија“, рече Волерс, додавајќи дека овој систем им помага на фармерите да заштедат време, вода, што го прави системот многу поефикасен, а воедно има помалку загадување.

„Има повеќе производство, помалку време, помалку вода, повеќе приходи за сите“, нагласи Волерс.

Од приватната компанија Млекара „Здравје Радово” го поддржуваат овој проект на УСАИД за развој на мали бизниси, конкретно за одгледување пченка. „Посебно сме горди, затоа што се тоа наши кооперанти, сакаме да се развиваат и да ја зголемат профитабилноста“, рече Јован Дабевски од млекарата „Здравје Радово”

Од Федерацијата на фармери на Македонија очекува бенифити со овој проект при производството на пченка и во прехранбената индустрија.

„Вредноста е што на овој проект е што директно им се објаснува на земјоделците дека со примена на агротехничките мерки по пропис се добива зголемување на производството“, рече Љупче Станковски од Федерација на фаремери на Македонија.

Пратеникот Мирван Џемаиљи, пак, истакна дека проектот ќе озовможи бенефит за земјоделците од Кумановско и оти нуди теоретска и пректична помош при користење на нови технологии во земјоделството.

Целта на четиригодишниот Проектот на УСАИД за ескпанзија на малите бизниси е поттикнување на економскиот развој на регионално ниво.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП