27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо БиХ во мај намален бројот на луѓе кои бараат работа

Во БиХ во мај намален бројот на луѓе кои бараат работа

nevrabotenilica112

Бројот на невработени во БиХ во последните денови од мај изнесуваше 544.594 лица, што во однос на април е намалување од 2,145 лица или 0,39 проценти, покажуваат податоците на Агенцијата за труд и вработување на БиХ.

Во Федерацијата на Босна и Херцеговина невработеноста во мај е намалена за 1,607 лица или 0,41 проценти, во Република Српска за 373 лица или 0,26 проценти и во областа Брчко за 165 лица, осносно 1,36 проценти.

Меѓу невработените неквалификуваните работници сочинуваат 152,150 или 27,94 проценти, полуквалификуваните 10,445 или 1,92 проценти, квалификуваните 187,708 или 34,47 проценти, висококвалификуваните 3,368 или 0,62 проценти, а со средно стручно образование 1.629 или 0,30 проценти.

Во мај вкупно 11.653 лица се избришани од евиденцијата на службата за вработување, од кои 6.644 бидејќи биле вработени.

Истовремено на 4.714 лица им престанал работниот однос, додека работодавците во тој период пријавиле потреба за вработување на 2,417 нови работници.

Според податоците на Агенцијта за статистика на БиХ, во април 2014 година, бројот на вработени изнесувал 704,477, од кои 291,013 се жени.

Во однос на март 2014 година бројот на вкупно вработените лица се зголемил за 0,5 проценти. Регистрираната стапка на невработеност за април 2014 година изнесувала 43,7 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП