28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПроКредит Банка со нова електронска услуга за клиентите: електронско потпишување на договори

ПроКредит Банка со нова електронска услуга за клиентите: електронско потпишување на договори

pk

ПроКредит Банка започна со електронско потпишување на договори за бизнис  клиентите кои во банката користат рамковен договор кој опфаќа користење на сите кредитини услуги од банката.

Со оваа новина  договорите за кредит, акредитив, гаранција, кредитна линија или краткорочно користење на средства клиентите ќе можат да ги потпишат од нивната канцеларија.

Очекуваме оваа новина значително да го забрза и поедностави начинот на работа со клиентите. На клиентот еднократно му се одобрува рамковниот договор, а потоа секоја услуга ја потпишува електронски и на тој начин ја остварува комуникацијата со банката.’’изјави Стевче Кузмановски, Директор на секторот за мали и средни претпријатија во ПроКредит Банка

Со додавање на оваа услуга ПроКредит Банка овозможи чекор плус  во поедностаeн пристап до  финансиските услуги од банката. Клиентите електронски ги потпишуваат договорите, ги добиваат средствата на својата сметка побрзо, а сите плаќања можат да ги извршуваат преку системот за електронско банкарство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП