30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСветска банка добива конкуренција

Светска банка добива конкуренција

svetska banka56

Кина активно работи на создавање нова глобална финансиска структура која ќе им биде конкуренција на Светска банка и Азиската банка за развој.

Се работи на создавање на нова банка бидејќи тиe, според мислењето на Пекинг, се под целосна контрола на САД.

Како што пишува лондонскиот весник Фајненшл Тајмс, желба за учество во предложеното основање на Азиската инфраструктурна инвестициона банка веќе изразиле 22 земји од Азија и Блискиот Исток.

Претходната недела Кина презема иницијатива основачкиот капитал на оваа банка да се зголеми од 50 милијарди долари на 100 милијарди долари, наведува весникот.

Пекинг смета дека Светска банка и Меѓународниот монетарен фонд не и ги обезбедуваат на Кина потребните можности за работа. Поради тоа Кина сака да основа сопствена Светска банка која ќе биде под нејзина контрола.

Планирано е Азиската инфраструктурна инвестициона банка најпрво да се позанимава со „новиот пат на свилата“, трговска магистрала која некогаш ја поврзуваше Кина со Европа. Меѓу проектите е и изградбата на железничка пруга Пекинг-Багдад.

Основните кредитни средства за реализација на овие планови ќе ги обезбеди Кина, наведува Фајненшл Тајмс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП