20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИArgeta забележа раст на пазарниот удел во Австрија

Argeta забележа раст на пазарниот удел во Австрија

argeta_0_0_468X10000

Според податоците на „AC Nielsen“ пазарниот удел на „Argeta“ во Австрија во минатата година порасна за речиси два проценти и изнесуваше 27,6 проценти. Тоа значи дека „Argeta“ на локалниот австриски производител „Inzersdorfer“, кој е лидер на пазарот, му се бриближи до четири проценти, објави „Atlantic Group“.

Меѓу сите паштети на австрискиот пазар најпродавана е „Argeta“ пилешката паштета од 95 грама, со 15 процентен удел во пазарот, потоа „Argeta“ туна од 95 грама или пет проценти од уделот на пазарот, а на третото место е најмоќниот производ на водечкиот австралиски производител со четири проценти удел на пазарот. На четвртото место повторно е „Argeta“ и тоа „Argeta Junior“ со три проценти удел на пазарот.

Аргета е еден од најмоќните брендови на „Atlantic Group“. Освен на пазарите во поранешна Југославија, таа е се повеќе популарна и на пазарите во Австрија, Швајцарија, Русија, Шведска, Шпанија, Италија, Велика Британија, Ирска, САД и Австралија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП