4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОпштина Бутел по 50 години добива ново модерно училиште

Општина Бутел по 50 години добива ново модерно училиште

CF3B6AF13E18355B2F4C1541D0C90427

Основното училиште „Живко Брајковски“ во општина Бутел со средства од Владата обезбедени преку проект од Светска банка ќе добие нов современ лик.

Договорот за финансирање на втората фаза во износ од 73 милиони денари го потпишаа денеска вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески и градоначалникот на општина Бутел, Петре Латиновски.

„Инвестициите во образованието се најдобри и најсигурни инвестиции во иднината на младите луѓе и со потпишувањето на овој Договор ќе овозможиме општина Бутел да добие едно ново, модерно, ефикасно училиште во кое ќе се создадат услови за во една смета да учат децата и да се подобрат условите и за учениците и за просветните работници“, изјави вицепремиерот Ставрески.

Потенцирајќи дека професионално и ефикасно се извршени сите подготвителни активности во што Општината вложи 40 милиони денари, Ставрески рече дека со обезбедените 73 милиони денари од Владата со заеднички сили ќе се добие едно ново училиште кое ќе биде гордост на жителите на Општина Бутел и учесниците кои ќе учат во училиштето.

Според градоначалникот на Општината, по 50 години навистина е задоволство да се гради објект што ќе го користат идните генерации. – Педесет години не е инвестирано, не е направено ново училиште во Општината Бутел. Училиштето се гради на 5 илјади метри квадратни површина. Со својата внатрешна структура ќе овозможи учениците да учат во една смена, рече Латиновски и додаде дека во училиштето ќе бидат запазени сите стандарди, ќе се воведе енергетска ефиканост.

Потенцира дека со рационално, домаќинско работење ќе проектот ќе се реализира во предвидениот рок.

Се очекува училиштето да биде пуштено во употреба до средината на следната година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП