28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо домашните компании експерти од Швајцарија преку владиниот проект

Во домашните компании експерти од Швајцарија преку владиниот проект

makedonski kompanii

Македонската компанија за производство сончеви колектори за топла вода „Камел солар“ ќе ја зајакнува позицијата на домашниот и на странските пазари преку нови модели и маркетинг стратегии за кои добива совети од швајцарскиот експерт Питер Гунтер.

Фирмата, што се занимава и со истражување и развој на нови технологии и производи за енергетска ефикасност, веќе десет дена добива помош од експертот преку проектот на Владата за помош на домашните компании со странски експертска помош со цел подобрување на конкурентноста, извозот на странски пазари и отворање нови работни места.

„Изненаден сум од високиот квалитет на производите во компанијата Камел солар. Она што на компанијата и недостасуваше беше маркетингот и затоа ние овие денови се занимававме со правење стартегии и тактики како да се подобри продажбата, со тоа што бевме најмногу фокусирани на продажбата во Република Македонија“, изјави Гунтер.

Во тек на долгогодишното искуство работел во Африка, Азија и Јужна Америка, но Македонија ја истакнува како навистина поинаква во споредба со останатите земји.

„Тука има капацитет, вештини и голем потенцијал за развој и за создавање нови работни места“, рече Гунтер.

Од Камел солар истакнуваат дека аплицирале за експертиза од областа на маркетингот, каде секогаш постои можност и простор за унапредување, а со тоа и зајакнување на позицијата на домашниот и на странските пазари, каде се присутни, Србија, Црна Гора, Англија, Хонг Конг.

Надица Николиќ, претставник на Камел Солар, изјави дека побарале експертиза од областа на маркетингот бидејќи свесноста кај популацијата во Македонија за употребата на сончевите колектори е подигната на многу високо ниво и постои потенцијал.

„Веќе разработувме некои нови модели и маркетинг стратегии кои очекуваме да ни донесат многу позитивни резултати, и истовреме да ја зајакнат нашата позиција на пазарите. Ги охрабруваме и останатите домашни компании да аплицираат за ваква експертиза“, изјави Николиќ.

Швајцарскиот амбасадор во Македонија Стефано Лазарото информира дека Камел солар е првата од десетте компании кои ќе добијат поддршка со советодавни услуги од швајцарски експерти во следниот период.

„Ќе има поддршка во повеќе различни компании, следните компании ќе бидат во областа текстил, а ќе има и компании кои се занимаваат со преработка на храна. За нас е важно да бидеме присутни во компании во кои има потенцијал за раст и зголемување на бројот на работни места. За нас е од особено важност што денеска сме во компанија што се занимава со една релативно нова област, односно работи на обновлива енергија. Со тоа ние би можеле да придонесеме уште повеќе за почиста животна средина“, изјави Лазарото.

Според него, целта е да се поддржи конкурентноста, квалитетот на производите и процесите, а како крајна цел обезбедување раст на компаниите и создавање повеќе работни места.

Со македонската Влада, посочи амбасадорот Лазарото, имаме воспоставено одлична соработка и добри билатерални односи. Економскиот развој е во фокусот на нашите активности и во следниот период ќе поддржиме повеќе активности кои имаат цел развој на приватниот сектор во износ од околу 12 милиони швајцарски франци. Истовремено ја продолжуваме долгогодишната соработка со Македонија во другите области во кои работи, системи за водоснабдување, децентрализација и демократско управување, наведе Лазарото.

Покрај од Швајцарија, преку проектот на Владата на РМ, се ангажирани експерти и од Холандија и Германија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП