29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтранците ја освојуваат Швајцарија

Странците ја освојуваат Швајцарија

shvajcarijashvajshvaj99po

Во Швајцарија, минатата година, третина од новите претприемачи биле странци, и тоа главно од соседните земји.

Женева привлекла најголем број на нови претприемачи со потекло од странство.

Според официјалната статистика, од вкупно 36.187 нови претпријатија регистритани на швајцарскиот пазар во 2013 година, 32,9 проценти од нивните сопственици се со странски пасоши, а 50 проценти потекнуваат од соседните земји, пренесува швајцарскиот весник „24 часа“.

Во Женева стапката на странските претприемачи била највисока во минатата година и изнесувала 50,4 проценти.

Меѓу странците кои основале најмногу фирми во Швајцарија во 2013 година водат Германците, следуваат Италијанците, Францусите, Португалците и бизнисмени од Косово.

Гледано по сектори, странците најмногу регистрирале компании во хемиската и фармацевтската индустрија (43,1 процент), во занаечиството (41,6 проценти), производството на часовници (40,3 проценти), додека пак, бизнисот со недвижнини и администрација се најмалку популарни за странските претприемачи (16,2 проценти).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП