27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИEtihad конечно ќе превземе 49 отсто од Alitaliа

Etihad конечно ќе превземе 49 отсто од Alitaliа

Etihad_Alitalia

Италијанската авио-компанија „Alitalia“ и „Etihad Аirways“ денеска потврдија дека ги договориле главните услови за предложената трансакција со која авио-превозникот од ОАЕ ќе се стекне со 49 проценти удел во националната авио-компанија од Италија.

Двете компании сега ќе преминат на финализација на документите за оваа трансакција, што е можно побргу, беше наведено во заедничкото соопштение на „Alitalia“ и „Etihad Аirways“.

Склучувањето на инвестиците, како што се наведува, се предмет на конечните регулаторни одобренија.

Ниту една од компаниите не ги откри условите, ниту обемот на инвестиции на „Etihad Аirways“, иако на почетокот на овој месец италијанскиот министер за инфраструктура, Маурисио Лупи, изјави дека компанијата од ОАЕ сака да инвестира 560 милиони евра и дека ветиле вложување на дополнителни 690 милиони евра во „Alitaliа“ во наредните четири години.

Како што тогаш изјави Лупи, „Etihad“ исто така има намера бројот на вработени во „Alitaliа“ да го намали зa 2.251 лица или на 11.470.

„Alitalia“, која со години работи непрофитабилно, од минатата година бара нов партнер, поради тоа што франуско-холандскиот авио-превозник „Air France-KLM“ го отфрли учеството во докапитализација на италијанската компанија.

Националната авио-компанија од ОАЕ, „Etihad Аirways“ има сопственички удел во компаниите „Airberlin“, „Air Seyćelles“, „Virgin Australia“, „Aer Lingus“, „Jet Airways“, „AirЅеrbiа“, а очекуваат регулаторно одобрение за инвестиција и во регионалниот авио-превозник во Швајцарија, „Darwin Airline“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП