2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИFly Dalmatian неславно згасна

Fly Dalmatian неславно згасна

avionavion999

Авиокомпанијата која требаше да стане првата хрватска low-cost компанија, неславно згасна пред воопшто да започне со работа. Како што објавија на веб страната на компанијата, тие биле принудени да престанат со продажбата на билети бидејќи еден од нивните инвеститори одлучил да ја напушти компанијата.

Претходно веб страната неколу дена беше недостапна, а купувачите на билети кои веќе имаа направено резервации својот бес го раширија на социјалните мрежи.

Од „Fly Dalmatian“ сега настојуваат да ја смират ситуацијата и тврдат дека во својата деловна банка PBZ поднеле налог да се изврши комплетно враќање на средствата за сите резервирани билети.

Банката со ваквиот процес наводно веќе започнала, па се очекува клиентите наскоро да добијат поврат на нивните пари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП