24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНестле ги повлекува производите од пазарот поради присуство на коњско месо

Нестле ги повлекува производите од пазарот поради присуство на коњско месо

nestle12

Швајцарскиот гигант за храна Нестле денес повлече два вида на подготвени тестенини од продавниците во Италија и Шпанија, поради присуството на коњско месо.

Нестле е последната во низа компанија, која е погодена од скандалот со коњско месо на пазарот во Европа.

Во соопштението од Нестле се вели дека при тестирање се пронајдени траги од коњска ДНК во двата производи, уверувајќи дека не постои ризик за здравјето на луѓето.

“Погрешното етикетирање значи дека тие производите не се со високи стандарди кои корисниците ги очекуваат од нас. Затоа компанијата доброволно ќе ги повлече двата вида на приготвени тестенини”, се вели во соопштението на швајцарската компанија.

Замрзнатото месо на  Нестле произведено во Франција исто така ќе биде повлечено од продажба. Оваа вест следеше откако германскиот трговски ланец Лидл вчера ги повлече од пазарот готовите јадења од Финска, Данска, Шведска и Белгија поради состојќи од коњско месо.

Во меѓувреме, француската компанија „Шпангеро“, која поради 750 тони коњско месо, кои беа означени како говедско ја потресе цела Европа, ги надмина проблемите и доби дозвола за производство на мелено месо, сосови и готови оброци.

„Меѓутоа на оваа компанија повеќе нема да и биде дозволено да складира смрзнато месо“, изјави францускиот министер за земјоделство, Стефан ЛеФол.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП