2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГазпром: Испораките на гас се стабилни

Газпром: Испораките на гас се стабилни

gazpromgazgaz559

Руската гасна компанија Газпром соопшти дека испораките на рускиот гас во Европа преку Украина се стабилни, и покрај ценовниот спор меѓу Москва и Киев.

„Транзитот на гас преку Украина тече според договорените параметри, а обемот на испорачан гас во изминатите 24 часа изнесуваше 227 милиони кубни метри гас“, изјави портпаролот на Гаспром, Сергеј Купријанов, пренесува агенцијата Ројтерс.

Последните испорачани количини се поголеми во однос на 214 метри кубни гас кои беа испорачани еден ден претходно, но и поголеми од 205 милиони кубни метри гас испорачани на Европа во понеделникот.

Компанијата Газпром, минатата недела ја запре испораката на гас во Украина поради неисплатениот долг за гасот, но по неколку дена испораката беше повторно обновена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП