26 јуни, 2025
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИОва е најбрзиот супер-компјутер на светот и припаѓа на ...

Ова е најбрзиот супер-компјутер на светот и припаѓа на …

Printed Circuit Board

Кинезите повторно го имаат најбрзиот супер-компјутер на светот, но на оваа листа и натаму доминираат Американците.

Вчера беше објавена „Top 500“ листата на најбрзи супер-компјутери на светот, а како и минатата година, првото место го држат Кинезите со својот „Tianhe-2“. Овој компјутер е во сопственост на кинеската влада и се користи како „истражувачка и едукациона алатка“, а податоците се обработуваат со брзина од 33,86 петафлопс.

На „BBC“ потсетуваат дека поминаа само пет години кога „Roadrunner“ на „IBM“ ја мина границата од 1 петафлопс, меѓутоа, овој супер-компјутер минатата година беше изгасен поради прекумерната потрошувачка на енергија.

Листата „Тop 500“ супер-компјутери се објавува уште од 1993-та година и на неа се прикажува брзината на компјутерите темелена на „бенчмаркот“ кој за прв пат е користен во далечната 1979-та година, но тој, нормално со напредокот на технологијата, со години постојано се подобрува.

Инаку од минатата година бројот на кинески супер-компјутери на оваа листа се зголеми за дваесет проценти, додека уделот на американски супер-компјутери е намален за 15 отсто, но и покрај тоа САД и натаму доминира на оваа листа.

Така меѓу 500-те најмоќни компјутери на светот 233 се наоѓаат во Америка, 76 се во Кина (лани оваа бројка изнесуваше 63), 30 во Велика Бринатија, 27 во Франција и 23 во Германија.

Вкупната брзина на сите компјутери во „Top 500“ листата изнесува дури 274 петафлопс, при што брзина поголема од еден петафлопс имаат дури 37 компјутери.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар