28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЗошто Киндер јајцата се само сон во САД?

Зошто Киндер јајцата се само сон во САД?

jajce kinder

Казната за обид за „криумчарење“ на „Киндер јајце“ во Америка изнесува 2.500 долари – по јајце.

Порталот „Хафингтон пост“ неодамна објави список на сувенири кои Американците не смеат да ги внесуваат во својата земја кога се враќаат од странство.

Меѓу работите, како што се вистински Абсинт или кубански цигари, се наоѓа и еден производ кој во Европа е многу добро познат – „Киндер јајце“, осносно „Киндер Супрајс“.

Имено, со оглед дека капсулата со играчка се наоѓа внатре во чоколадото, односно целосно е опкружена со него, „Киндер јајцата“ се забранети за продажба и увоз во Америка затоа што се сметаат опасни за деца.

Според регулативите на агенцијата за лекови и храна – „FDA“, која датира уште од 1938- година, во САД неможе да се продаваат слатки работи кои внатре во себе содржат дел кој не се јаде. Американците неколку пати покренаа петиција за укинување на забраната, но без голем успех.

Интересно е дека казната за обид за „криумчарење“ на овој производ во Америка изнесува 2.500 долари по јајце. Истиот медиум наведува дека царината во САД во 2011-та запленила повеќе од 60.000 примероци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП