2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУкраинската криза ја наруши деловната доверба во Германија

Украинската криза ја наруши деловната доверба во Германија

german-flag-on-the-reichstag

Деловната доверба во Германија во јуни е намалена на најниското ниво во изминатите шест месеци, бидејќи компаниите стравуваат од последиците на украинската и ирачката криза.

Индексот на деловната доверба во Германија, кој го пресметува институтот Ифо, во јуни се намали на 109,7 поени од мајските 110,4 поени, односно повеќе од очекувањата на аналитичарите, пренесува агенцијата Франс прес.

„Проценката на деловната ситуација остана добра, но компаниите се помалку оптимистични во поглед на идното работење, бидејќи германската економија стравува од потенцијалните последици од кризата во Украина и Ирак“, објасни директорот на Ифо, Ханс Вернер Зин.

Основниот индекс на деловната доверба, Ифо го пресметува врз основа на одговори на компаниите за нивното моментално работење и очекувањата во наредните шест месеци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП