3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКако Јапонија ќе го поттикне растот

Како Јапонија ќе го поттикне растот

japonija15

Јапонскиот премиер Шинзо Абе ја претстави долго-планираната стратегија за поттикнување на економскиот раст.

Тоа всушност ќе се реализира низ реформи наменети за ревитализација на економијата и враќање на глобалната конкурентност на Јапонија.

Во рамките на тој план, Абе вети дека ќе ја намали стапката за корпоративен данок во Јапонија – која поради моменталните 36 проценти е меѓу највисоките во светот, пренесува агенцијата Франс прес.

„Владата одлучи денес нашата стратегија за раст да ја направи посилна, при што клучот е во ревитализацијата на локалните заедници“, изјави Абе на конференцијата за новинари.

Абе, исто така, порача дека во неговата стратегија не постои табу, како и дека ќе ги уништи сите бариери со цел да се реализира потенцијалот на јапонската економија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП