30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТурската Централна банка ја намали основната каматна стапка

Турската Централна банка ја намали основната каматна стапка

turkey_central_bank_130613

Централната банка на Турција денеска ја намали својата основна каматна стапка од 9,5 на 8,75 проценти, со што го прифати барање на Владата за пониски камати со цел да се стимулира економскиот раст, објави интерент изданието на весникот “Хуриет дејли њуз“.

Централната банка во јануари ја зголеми основната каматна стапка, со цел да го спречи падот на вредноста на турската лира во однос на доларот и еврото. Сепак, сега на инсистирање на турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган, банкате реши да ја намали основната камата.

Гувернерот на Централната банка Ердем Башчина минатата недела изјави дека неговата финансиска институција би можела да ја преиспита каматната стапка уште во тркот на овој месец, доколку инфлацијата биди на предвиденото ниво.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП