29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗГерманските премиум производители се собраа во Мексико

Германските премиум производители се собраа во Мексико

mercedes-vs-bmw-vs-audi_470693

Според германските медиуми, извршниот одбор на компанијата „Daimler“ наскоро ќе донесе одлука за производство на „Mercedes A сlasѕ“ и моделот „CLA“ во фабриката на „Nissan“ во Мексико. За отворање на фабрика во Мексико размислува и „BMW“, додека „Audi“ во таа земја веќе гради погон кој ќе започне со работа во 2016-та година.

Производството на двата компактни модели на „Mercedes“ во фабриката на „Nissan“ во мексиканскиот град Агуаскалиентес, го пренесоа медиумите во Германија, повикувајќи се на неименувани извори од „Daimler“.

Се очекува производството да започне во 2017-та, а е наменето за извоз пред се на пазарот во САД.

Од „Daimler“ и „Nissan“ засега официјално не го потврдија пишувањето на медимите, а се очекува во Мексико годишно да се изработуваат меѓу 100.000 и 150.000 автомобили на „Mercedes“.

Мексико е многу привлечна земја за германските производители на возила, а причината за тоа се бројните договори за слободна трговија, евтината и обучена работна сила, но и близината на важниот американски пазар.

Поради тие причини, германски „BMW“ исто така е се поблиску до одлуката да отвори фабрика во Мексико во која ќе се произведуваат автомобили од „Serieѕ 1“ и „Serieѕ 3“.

Третиот германски производител на луксузни автомобили, „Audi“, гради фабрика во мексиканскиот град Сан Хозе Чиапа. Во овој погон ќе се изработува „Audi Q5“, a планирано е годишно производство од околу 150.000 возила.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП