30 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИМосква го возвраќа ударот на Visa и MasterCard

Москва го возвраќа ударот на Visa и MasterCard

visa-mastercardjhuy76t54

„Visa“ и „MasterCard“ ќе мораат повторно да печатат повеќе од 175 милиони картички во Русија. Централната банка на Русија ги обврза платежните системи платежните картички да ги изработуваат од руски компоненти, пишува „Комерсант“.

Во текстот се наведува дека станува збор за сите компоненти, вклучувајќи ги и чиповите.

Во март оваа година, откако САД воведе санкции кон Русија, меѓународните платежни системи „Visa“ и „MasterCard“, без никаква најава, престанаа да им обезбедуваат услуга на клиентите од Русија.

Овој потег ја натера официјална Москва со полна пареа да започне со формирањето на сопствена структура за плаќање.

Најавено е создавање на нов систем врз база на Универзалните електронски картички.

За рускиот платен систем веќе беше дискутирано вo Централната банка на Русија и се очекува дека Русија ќе има свој платежен систем, национален и независен, до крајот на летото.

Комерцијалниот назив на рускиот платежен систем ќе биде „PRO100“, што на руски ќе се чита како „Просто“.

Неговата употреба ќе биде олеснета и забрзана со тоа што тој ќе користи технологија М/чип, развиен од страна на „MasterCard“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП