5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСП 2014: Прв пат на Мундијалите - Дали „фрлањето паричка“ ќе одлучи...

СП 2014: Прв пат на Мундијалите – Дали „фрлањето паричка“ ќе одлучи кој ќе оди понатаму?

paricka frlanje

Потенцијалниот расплет во групите „Ф“ и „Г“ можат да донесат историски момент и „фрлањето паричка“ да биде одлука за тоа која репрезентација ќе оди во наредниот круг, а која дома.

Навистина неверојатно сценарио, но сосема можниот расплет може само дополнително да го „зачини“ светското првенство во Бразил, кое скоро по сите параметри е едно од највозбудливите во поблиската историја.

Имено, ситуацијата пред се во групата „Ф“ е таква што Нигерија има 4 бода, додека Иран само 1. Натреварите од третото коло се играат во среда, а тогаш ќе дознаеме дали за прв пат во историјата на Мундијалите за елиминацијата на една селекција ќе одлучува буквално „фрлањето на паричка“.

Ако Иран ја победи Босна и Херцеговина и Аргентина триумфира на Нигерија со ист резултат од 1:0, тогаш двете репрезентации би ја завршила групната фаза со 4 бода, гол разлика нула, со ист број на постигнати и примени голови и меѓусебен дуел од 0:0.

Kако што сликовито е претставено на сликата која можете да ја видите подоле, двете екипи ќе бидат изедначени според сите параметри, тогаш ќе настапи правилото со „фрлање на паричка“ со цел да биде познат патникот во осминафиналето.

paricka frlanje1

Ваква практика никогаш не е видена во елиминацискиот, одлучувачки момент на Светските првенства, иако еднаш е употребена кога во 1990-та кога требало да се одреди местото и редоследот меѓу Ирска и Холандија.

Идентично сценарио би можело да се случи и во Групата „Г“, натревари кои се играат во четврток.

Во споменатата група Германија и САД имаат скор од 4 бода, додека Португалија и Гана собраа само по еден бод, па ситуацијата во оваа група е повеќе од интересна.

Имено, САД може да помине само доколку:

Ја победат Германија и со тоа би имале 7 бодови и ќе бидат први во групата.

Доколку одиграат нерешено на оваа средба и така заедно со „панцирите“ ќе одат натаму со по 5 бодови.

Доколку Португалија и Гана одиграат нерешено, САД ќе оди во осминафиналето и во случај на пораз од Германија.

Доколку Гана или Португалија триумфираат и Америка загуби од Германија, американците би имале 4 бода, исто колку и победникот од споменатиот меч.

Според правилата на „FIFA“, во тој случај одлучуваат следниве параметри:

Гол разлика (Германија +6, САД +1, Гана -1, Португалија -4).

Постигнати голови (Германија 6, САД 4, Гана 3, Португалија 2).

Меѓусебен резултат (САД ја победи Гана, нерешено со Португалија).

„Извлекување од шешир“ / „Фрлање паричка“.

Доколку САД загуби, Гана ќе оди натаму триумфира со разлика од два или повеќе голови. Доколку САД загуби со еден гол разлика, Гана мора да победи со два разлика.

За Португалија да мине пред САД, тие ќе мораат да ја надокнадат разликата од 5 голови. На пример, Португалија мора во последната рунда да победи со 3:0, a САД да загуби со 2:0. Доколку сепак Португалија ја победи Гана со резултат 3:0, a САД загуби од Германија со 3:0, тогаш ќе се „фрла паричка“.

Возбудувањето и во Групата „Г“ е преставено во оваа фотографија.

paricka frlanje2

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП