25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРенци: На Европа не и е доволно само еврото

Ренци: На Европа не и е доволно само еврото

Matteo-Renzi-press-confer-017

Италијанскиот премиер Матео Ренци предупреди дека постоењето на заедничка валута не е доволно за борбата против евроскептицизмот и невработеноста.

Тој повика на измена на европските пристапи кон политиката на развој.

„Се наоѓаме на пресвртна точка, не е доволно само да имаме заедничка валута, претседател или заеднички извор на финансии“, оцени Ренци при обраќањето во италијанскиот парламент и истовремено ги претстави приоритетите на претседателството на неговата земја со ЕУ, бидејќи Италија ја презема таа улога на 1. јули.

„Доколку Европа не го промени курсот нема да постои раст, ниту пак стабилноста ќе биде можна“, порача Ренци и додаде дека периодот на италијанското претседавање со ЕУ мора да биде „момент за реформи“.

Според неговите зборови, на еврото му е доделена задача за изградба на Европа, но само постоењето на таа валута, како што вели тој, не е доволно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП