28 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕШто е тоа во вашиот климатизер што може да ве убие

Што е тоа во вашиот климатизер што може да ве убие

A

Поради пеколните жештини кои следат во текот на јули и август, речиси и не постои домаќинство во кое не се користи климатизер. Сепак, многу истражувања покажуваат дека иако климатизерот го спречува пеколот во вашиот дом, сепак тој воопшто не е ваш пријател. Покрај тоа што има многу негативни последици по вашето здравје, уште поопасно е доколу климатизерот не се чисти редовно.

Во климатизерот живеат многу бактерии и микроорганизми, а меѓу оние најопасните се издвојува легионелата која може да биде фатална по вашиот живот. Таа се развива и размножува во клима уредите кои не се одржуваат на прав начин, а симптомите кои ги предизвикува оваа бактерија се слабост, омалаксаност, болки во мускулите, зголемена телесна температура, кашлање но без искашлување и ако не се открие во брзо време, може да предизвика смрт.

Најзагрозени се луѓето кои имаат проблеми со респираторните органи, малите деца, хронично болните, алкохоличарите и старите лица.

На второ место според опасноста се наоѓа коксаки вирусот кој се повеќе е распространет меѓу луѓето. За овој специфичен вирус кој го напаѓа директно срцето се верува дека е во голема мера поврзан со честата употреба на климатизерите.

Климатизерот е вистинско гнездо на зарази кои демнат доколу не го чистите редовно. Правилното одржување на разладувачот подразбира чистење на шест месеци, а доколку живеете во загаден град и загадена животна средина, тоа треба да го правите и почесто. Климатизерот чистете го според промената на сезоната ладење-греење, никогаш по користењето во зима немојте да го вклучите кога ќе дојде летото, пред употреба во летото прво исчистете го.

Со тоа ќе ги спречите овие закани кои сериозно можат да му наштетат на вашето здравје, но и оние помалите како, рингитис, синузитис, конјуктивитис, пневмонија, воспаление на ушите, астма, иритација на слузницата на очите, носот и грлото, силните главоболки, заморот и намалената концентрација.

Сепак, доколку ви е потребно разладување, слободно запалете го климатизерот, но претходно внимателно проверете ја неговата состојба, повикајте сервисер или доколку планирате сами да го чистите користете средства исклучиво за таа намена, и сепак внимавајте разликата меѓу температурата во вашиот дом и надворешната да не биде поголема од шест степени, бидејќи големата разлика на температурата при влегување и излегување може да му направи сериозен шок на вашето тело.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП