29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAvon ќе отпушта работници

Avon ќе отпушта работници

avon2009

Производителот на козметика „Avon Products“во борбата за враќање на профитабилното работење ќе укине околу 600 работни места, вклучувајќи ја и единицата во Северна Америка. Директниот продавач на козметика, кој објави загуба во пет од последните шест квартали, имаше на крајот на годината околу 36.700 вработени, вклучувајќи 4.300 во САД.

Укинувањето на работните места и другите напори за реструктуирање, ќе резултираат со годишна заштеда од околу 50 до 55 милиони долари, препорачуваат од „Avon“.

Компанијата се бори да го сврти своето работење во позитивна насока по низата проблеми на клучните пазари како што се Русија, Латинска Америка и САД.

Нето загубата на „Avon“ се зголеми на 168,4 милиони долари или 38 центи по акција во првиот квартал кој заврши на 31-ви март, или со 13,7 милиони долари или 3 центи по акција од пред една година.

Продажбата во Северна Америка падна за 22 проценти во првиот квартал како резултат на соочувањата со конкуренцијата, евтините козметички производи во апотеките или ланците како „Sephora“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП