2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБугарите и Романците имаат најниски плати во ЕУ

Бугарите и Романците имаат најниски плати во ЕУ

plataparichnik54647

Според податоците на Еуростат, најниски минимални бруто плати во ЕУ има Бугарија – 173,84 евра месечно и Романија – 190,57 евра, додека највисока минимална плата е во Луксембург – 1.921,03 евра.

Бугарија и Романија се први на листата со земји со најниски просечни бруто плати – во Бугарија тие изнесуваат 459,87 евра месечно, а во Романија 557,22 евра.

Највисоката месечна просечна бруто плата ја имаат Швајцарците – 4.958 евра, Норвежаните – 4,588 евра и Данците 4.249 евра.

Богатиот Луксембург повторно е при врвот на листата со просечна месечна бруто плата од 4.027 евра.

Еуростат ги објави и стапките за минималните и просечните плати.

Најниската е во Чешка каде минималната плата изнесува 31,7 проценти од просечната плата, следи Естонија 33,5 проценти, Романија 34,2 проценти, Шпанија 34,7 проценти и Хрватска 35,6 проценти.

Највисока стапка имаат Грците – 50 проценти и Кипар 50,1 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП