2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИFoxconn ќе вработи 100.000 нови работници

Foxconn ќе вработи 100.000 нови работници

foxconn_237

Производниот партнер на „Apple“, азиската компанија „Foxconn“, започна со масовно вработување на околу 100.000 нови работници кои ќе им бидат потребни за производството на „iPhone 6“, објавија локалните медиуми.

Вториот производител на „iPhone“, „Pegatron“, исто така најверојатно подготвува голем ангажман на нови работници. Ваквите масовни вработувања не се невообичаени кога станува збор за производство на нови модели на „iPhonе“, но случајот со „Foxconn“ и бројката од 100.000 нови работници претставува рекорд.

Според извештајот, „Foxconn“ најверојатно ќе превземе 70 проценти од нарачките за новиот „iPhonе“, a масовното производство ќе започне следниот месец.

Како што претходно пишуваа медиумите, на пазарот во текот на оваа година би можеле да се најдат два модели на „iPhone 6“, со екран од 4,7, односно 5,5 инчи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП