8 декември, 2024
ПочетнаКОМПАНИИШпанската банка Santander се шири на северот од Европа

Шпанската банка Santander се шири на северот од Европа

Santander-has-withdrawn-i-001

Шпанската банка „Santander“ ќе плати 700 милиони евра за „GE Money Bank AB“, филијала за потрошувачки кредити на банката „GE Money Nordic“ која работи во Шведска, Данска и Норвешка и која е дел од групацијата „General Electric-GE“.

Купувањето на кредитни активности во скандинавскиот регион е важен чекор во стратегијата на „Santander“ во областа на потрошувачките кредити. Банката ќе ја прошири географската база во која работи и ќе ја зајакне позицијата на лидер на европскиот пазар на потрошувачки кредити, изјави претседателот на банката, Емилио Ботин, пренесува агенцијата Франс прес.

„Santander“ така на своето портфолио за потрошувачки кредити, вредно 8,99 милијарди евра, ќе го додаде портфолиото на „GE Money Bank“ со кредити од 2,35 милијарди евра. По завршувањето на трансакцијата, „Santander“ во Скандинавија ќе има 1,2 милиони клиенти, чии кредити ќе изнесуваат 17 проценти од неговото вкупно кредитно портфолио.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП