27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИRyanair поднесе жалба на одлуката на судот

Ryanair поднесе жалба на одлуката на судот

ryanair1

„Ryanair“ поднесе жалба на пресудата на францускиот суд, со која му е наредено да плати отштета од речиси девет милиони евра поради кршење на францускиот Закон за труд.

Како што потсетува агенцијата Франс прес, судот во јужниот дел на Франција во октомври соопшти дека нискобуџетната авиокомпнија „Ryanair“ на своите вработени во Марсеј незаконски им доделила договори за работа склучени во Ирска (според локалните закони), со цел да заштеди на даноците кои се повисоки во Франција и со тоа го прекршила Законот за труд во оваа земја.

„Ryanair“, исто така е обвинет и за спречување на работата на работничкиот совет и за нарушување на соработката меѓу работниците и синдикатот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП