4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКуба ја намали прогнозата за раст

Куба ја намали прогнозата за раст

kuba, havana

Куба денес ја намали прогнозата за економскиот раст во оваа година на 1,4 од 2,2 проценти.

Хавана за таквата одлука ги наведува неповолните економски услови, вклучувајќи го и малиот обем на средства кои граѓаните ги примиле од своите најблиски од странство.

Кубанскиот весник „Гранма“ го цитираше министерот за економија Адел Искјерд, кој на состанокот на Советот на министри порача дека економскиот раст на Куба во првата половина од годината се проценува на само 0,6 проценти, пренесува агенцијата Франс прес.

Лошите временски услови, влијанието на долготрајната американска блокада и разните внатрешни слабости исто така се наведени како причини за забавување на растот на БДП.

Кубанската економија минатата година напредуваше 2,7 проценти, потфрлувајќи во однос на официјалната цел од 3,6 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП