29 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРаботилница за решавање на проблемот со денационализацијата во Македонија

Работилница за решавање на проблемот со денационализацијата во Македонија

skopje5

„Решавање на проблемот со денационализацијата во Република Македонија и улогата на народниот правобранител во тој процес“ е темата на денешната работилница во организација на Инструментот за техничка помош и размена на информации на Европската комисија (TAIEX), а во соработка со народниот правобранител.

На работилницата која ќе ја отворат народниот правобранител на Република Македонија Иџет Мемети и Мартин Клауцке раководител на секторот за соработка во Делегацијата на Европската унија во Скопје ќе се пренесат искуствата од работата на Kанцеларијата на народниот правобранител на Македонија, како и за процесити на денационализацијата во Бугарија и Романија и улогата на народниот правобранител.

На тема „Денационализацијата како еден од начините на стекнување на право на сопственост“ ќе зборува професорката Родна Живковска од Правниот факултет „Јустинијан први“ од Скопје, додека за „Искуствата на Министерството за финансии како орган кој ја спроведува денационализацијата“ ќе зборуваат претставничките од ова Министерство, Даниела Атанасовска и Марина Стаматовска.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП