20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Епл" ја отвора првата продавница во Централна и Источна Европа во Прага

„Епл” ја отвора првата продавница во Централна и Источна Европа во Прага

outside_day

Американскиот производител на инфроматичка технологија „Епл“ во петок во Прага ќе ја отвори својата прва продавница во Централна и Источна Европа.

За чешките потрошувачи ова ќе значи дека ќе можат да ги набават најновите производи на „Епл“ во исто време кога и клиентите во САД.

Досега, брендот кој производува мобилни телефони „Ајфон“ или таблети „Ајпад“ на чешкиот пазар беше застапуван од компаниите „Ајстајл“ и „Ајворлд“, кои имаат сертификат за продажба на „Епл“ производите.

Гигантот „Епл“ во моментов има 425 брендирани продавници во 16 земји. Најмногу, 254, се во САД, а најголемата продавница во светот е во Амстердам.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП