27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУСАИД го воведува Лидер пристапот во Североисточна Македонија

УСАИД го воведува Лидер пристапот во Североисточна Македонија

usaid mk

Проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси во соработка со Центарот за развој на североисточниот плански регион денеска го одбележа почетокот на иницијатива за имплементација на Лидер пристапот за локален економски развој во североисточна Македонија.

Лидер пристапот е форма на јавно-приватно партнерство базиран на оформување локални акциски групи (ЛАГ-ови), здруженија кои се состојат од претставници на јавниот, граѓанскиот и приватниот сектор. Оваа нова иницијатива ќе работи на формирање два ЛАГ-а во североисточна Македонија кои ќе ги обединат трите сектори околу заеднички проблеми поврзани со локалниот економски развој и ќе им овозможат да развијат проекти за решавање на истите.

„Лидер пристапот ги кани поединците да учествуваат во стратешко носење одлуки и селекција на приоритети на кои треба да се работи во нивните области. Овој пристап гледа на локалните граѓани како на најдобри експерти за развој на нивнатa заедница“, рече Мајкл Стиватер, генерален канцелариски директор на УСАИД/Македонија.

Проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси во 2013 го воведе Лидер пристапот во Пелагонија и успешно формираше две локални акциски групи. Тие веќе работат на развивање и спроведување проекти за економски развој, вклучувајќи и студија која ќе им помогне на производителите на јаболка од Ресен да додадат вредност на нивното производство преку преработување на јаболките во јаболков сок или концентрат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП